Завршен тренинг на македонските фудбалери на Арената „Јохан Кројф“

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во комплетен состав го одржа единствениот тренинг на Арената „Јохан Кројф“ во Амстердам, на која утре против домаќинот Холандија ќе го одигра завршниот натпревар на ЕУРО2020.

По двата пораза во групата Ц од Австрија (1:2) и Украина (1:3) „црвено – жолтите“ влегуваат дополнително мотивирани во дуелот со Холандија, најавувајќи дека ќе се обидат со позитивен резултат да го одбележат последниот настап во репрезентацијата на капитенот Горан Пандев.

Завршниот натпревар на својот дебитантски настап на Европските првенства избраниците на селекторот Игор Ангеловски го играат утревечер со почеток од 18 часот.

Back to top button
Close