Завршена првата фаза од санацијата на хидросистемот Ѓавато, премиерот Мицкоски најавува зголемени капацитети и енергетска ефикасност

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека е успешно завршена првата фаза од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој, како што наведе, повеќе од четири години функционирал со пробиени цевки и минимален ефект, и покрај потрошени над половина милион евра за електрична енергија.

– Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување. На првата шахта е монтирана една репарациона спојка, на втората шахта монтирани се две репарациони спојки, на делот каде што се спојува цевката Ф273 со Ф914 – извршено е заварување со дупли лимови. Останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското Езеро, објави премиерот на својот фејсбук-профил.

Во втората фаза, како што наведе, Владата ќе обезбеди најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет, а ФОД при ЕСМ ќе биде задолжен да ги репарира потисните пумпи. Додека, во третата фаза, ќе се инсталираат соларни панели со батериски системи за сопствено производство на електрична енергија, со што ќе се намалат трошоците од 2,5 милиони евра годишно за струја

Back to top button
Close