Завршена третата рунда преговори меѓу Русија и Украина – мало позитивно поместување оклу хуманитарните коридори

Третата рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина заврши вечерва во регионот Брест, во Белорусија, соопшти руската Амбасада во Минск.

„Заврши третиот круг руско-украински преговори во Белорусија“, соопшти амбасадата на својот канал Телеграм.

Членот на украинската делегација во преговорите Михаило Подољак, веднаш по завршувањето на новата рунда во видео објкава на Твитер кажа дека има мало позитивно поместување на преговарачките позиици.

„Заврши третата рунда преговори. Има мали позитивни поместувања за подобрувањето на логистиката на хуманитарните коридори… Продолжија интензивните консултации за основниот политички блок на регулативи, заедно со прекинот на огнот и безбедносните гаранции“, пренесе Подољак.

Разговорите траеја речиси три часа.

Back to top button
Close