Заврши истрагата од крвавиот настан во Велес, телата на тројцата починати пратени на обдукција

Доцна вечерва заврши увидот на  јавен обвинител во содејство со увидна екипа СВР Велес, а телата на починатите од крвавата семејна драма што се случи попладнево во Велес се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Во трагедијата со повеќе повреди од остар предмет починаа 31 годишна велешанка и нејзиниот 74 годишен татко, а стрителот 39 годишен скопјанец поранешен партнер на девојката се самоубил со тврд остар предмет.

Јавниот обвинител при ОЈО Велес Цветанка  Богоевска за МИА потврди дека увидот заврши, а телата на убиените се испратени во Институтот за судска медицина во Скопје.

-Извршив увид на лице место на настанот заедно со екипа на СВР Велес. Подигнати се траги на лице место, а телата на починатите се пратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Материјалните траги кои се пронајдени на лице место ќе бидат испратени на вештачење. Во текот на увидот фотографирано е на лице место и од настанот ќе биде направен детален извештај, појасни Богоевска.

Најави дека утре ОЈО ќе објави целосно соопштение за настанот и дека предмети ќе има и во други обвинителства.

Попладнево  во 15:30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. Како што информира портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, на местото на настанот излегле полициски службеници и констатираале дека се работи за 31 годишната  Р.К. од Велес, која од Итна медицинска помош била пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и 68 годишниот К.К , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и 39 годишниот И.С. од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт,појасни Ѓаковска.

Back to top button
Close