Заврши истрагата за возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки, посебен предмет има за тоа како дошол до автомобилот

Истрагата за возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, прегазувајќи ја додека поминуваше на пешачки премин е завршена. Обвинителот ги собрал сите докази, а завршени се и сите вештачења, според кои е утврдена вина кај Јованов. На ред е обвинетиот и неговиот адвокат Сашко Дуковски да направат увид во доказите, по што ќе следува обвинение.

Ѓ„Истрагата е завршена. Течат законските рокови за увид во доказите“, велат кусо од Обвинителството за „Скопје1“.

Јованов е осомничен дека со усмртувањето на Кулакова, под дејство на алкохол, неприлагодена брзина и со поминување на црвено светло сторил кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, според кое, најниската казна е четири, а може да добие и најмногу 20 години.

Предметот за тоа како дошол до возилото кое било сопственост на неговата мајка, се води засебно, дознава „Скопје1“ и е во тек. До негово отворање дојде откако се дозна дека Васил Јованов има повеќе казни за сообраќајни прекршоци, односно дека повеќе пати го управувал возилото без дозвола. Родителите на прес-конференција кажаа дека го земал без нивно знаење и дозвола. Ова наиде на многу реакции, со оглед дека истото се случувало во повеќе наврати.

Повеќе

Back to top button
Close