Заврши протестот во Нови Сад, во Белград засега мирни демонстрации

– Околу илјада граѓани на Нови Сад вечерва кусо пред 21 часот ја завршија протестната прошетка до Плоштадот на слободата каде уште еднаш им се обрати еден од лидерите на протестот Миран Погачар.

Тој им порача дека утре нема да има протест во Нови Сад и сите кои сакаат да протестираат да заминат за Белград.

Претходно граѓаните го блокираа Варадинскиот мост каде околу 15 минути седеа на мостот и на тротоарите и извикуваа „мостот е наш“.

Околу 19.30 часот, по протестната прошетка низ улиците на Нови Сад, граѓаните околу половина час ја блокираа полициската станица „Стари град“ во улицата Радничка.

При тоа демонстрантите симболично побараа од министерот за полиција, Небојша Стефановиќ да ги уапси.

За време на протестот, тие оставија три садови со храна за кучиња пред вратата на полициската станица и викнаа „кучиња, кучиња“. Некои граѓани оставија и пари.

После само 15 минути на капијата на полициската станица се појави група полицајци, целосно опремени за разбивање демонстрации, по кои граѓаните извикуваа „Слуги на режимот“, „Ние ве плаќаме“, „Фрлете ги штитовите“ …

Покрај Белград и Нови Сад, протести вечерва има и во Зрењанин, Чачак, Крушевац, Ниш и Крагуевац. Протестите секаде засега поминуваат мирно.

Back to top button
Close