Заврши првата фестивалска вечер на „Макфест“, вечерва е втората

 

Заврши првата фестивалска вечер на „Макфест“ на која беа изведени 13 песни, а публиката и жирито одлучија вечерва да се слушнат пет песни. Најголем број гласови од публиката доби Александра Трајчевска, потоа групата Blue, Драгана Јовановска, Јасмин Алиевски и Тијана Периќ.

Според организаторот на фестивалот од Општина Штип, Александар Арсовски првата вечер поминала одлично, а публиката и жирите одлучија кои песни ќе се слушнат и изведат на сцената на втората вечер.

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, вечерва со свои нови песни ќе настапат Владо Јаневски, Љубојна, Александар Тарабунов, Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски, Таско, Симона Попоска, Марија Спасовска.

Во 12:00 часот во хотелот „Оаза“ денеска е закажан прес-конференција на којашто организаторот и уметничкиот директор на „Макфест“ ќе ги презентираат впечатоците, но и што ќе се случува на втората фестивалска вечер.

Фестивалот „Макфест“ втора година по ред нема натпреварувачки карактер. Станува пракса да се додели награда за најслушна песна во текот на годината, а оваа година со над 27 милиони преглед на Јутуб е песната „Бела“ изведена од Пајак и Лара

Back to top button
Close