Заврши регуларниот дел од Супер лигата со победа на Охрид

Ракометарите на Охрид со победа го завршија регуларниот дел од Супер лигата откако вечерва славеа победа на гостувањето кај екипата на Пролет со 39:23. Со новите два бода охриѓани се зацврстија на третата позиција на табелата воедно и од тоа место ќе продолжат во плејофот. Ова воедно беше и последниот натпревар од регуларниот дел, а екипите од следното коло ќе продолжат во плејофот и плејаутот.
Шесте првопласирани кои ќе се борат за титулата ги пренесуваат бодовите од првите 22 кола, па табелата во плејофот го има следниот изглед: Вардар 42 бода, Еурофарм Пелистер 38, Охрид 37, Алкалоид 35, Бутел 22, Тиквеш 22.
Во плејаутот ќе разигруваат другите шест тима и тие ги пренесуваат бодовите од регуларниот дел од сезоната и табелата го има следниот изглед: Еурофарм Пелистер 21 бод, Прилеп 20, Пролет 13, МРК Куманово 7, Струга 7 и Радовиш 0.






