Завршни подготовки на македонските фудбалери пред последниот тест спроти ЕУРО2020

 

– Македонската фудбалска репрезентација попладнево го одржа завршниот тренинг пред утрешниот натпревар во Скопје против Казахстан што за „црвено – жолтите“ ќе биде последна проверка пред заминувањето за Букурешт на ЕУРО2020.

На тренингот на комплексот „Петар Милошевски“ отсуствуваше само играчот за врска Енис Барди, кој денеска почна со индивидуални тренинзи во очекување на негативен тест на коронавирус.

Неговиот соиграч од средината на теренот Феран Хасани го одработи тренингот со заштитна маска на носот по повредата што ја здоби во понеделникот на пријателскиот натпревар против Словенија (1:1).

Натпреварот против Казахстан се игра утре со почеток од 18 часот на арената „Тодор Проески“.

Македонските фудбалери на стартот на ЕУРО2020 за противник ја имаат Австрија, на 13 јуни во Букурешт

Back to top button
Close