Завршни зборови на одбраната во случајот ,,Тортура”

– Одбраната и обвинетите во случајот ,,Тортура”, каде обвинет е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска во Кривичниот суд Скопје, ќе ги дадат завршните зборови.

На последното рочиште јавниот обвинителот Љубомир Лапе побара затворски казни за обвинетиот Мијалков и шесте припадници на единицата Алфа, кои се товарат дека во 2011 година на нечовечки и понижувачки начин го привеле Лубе Бошкоски.

Овој судски процес го води судијката Александра Ристеска.

Back to top button
Close