Зазиданите евра не биле од лозјата туку од продадена нива за фотоволтаици. Одбраната реагира дека обвинителството ја извртува вистината а знае за нивата за фотоволтаици.

Одбраната на судијата Ѓоко Ристов ќе докажува дека судијата нема никаква врска со 350-те илјади евра кои беа најдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино и со финансиско вештачење ќе докажува дека парите се на таткото и мајката на судијата од продаден имот за фотоволтаици вреден 400 илјади евра. Адвокатот на Ристов, Звонко Давидовиќ, во изјава за „Слободен печат“, по брифингот во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вели дека Обвинителството ја извртува тезата дека парите се од лозарство.

-Она што обвинителството го премолчува, а го знае и ја извртува тезата дека парите се од лозарство, е дека родителите на осомничениот пред извесен период продале имот и право на градба и поставување на фотоволтавици, договорот е нотарски заверен, а парите во износ од преку 400.000 евра се уплатени на сметка на мајката на осомничениот. Постојат и други извори на приходи на таткото и мајката на осомничениот кои ќе бидат детално образложени во вештиот наод и мислење кој за одбраната ќе го изготви вештак од областа на финансиите – вели Давидовиќ за „Слободен печат“.

 

Тој тврди дека Обвинителството не излегло со ниту еден доказ и дека само ја „храни јавноста, ја замаглува вистината и прави конструкции“. Како аргумент плус дека парите не се на судијата тој го споменува тоа што на записникот за извршен претрес бил потпишан неговиот татко Здравко Ристов, а од Ристов не бил одземен ниту еден денар.

Уште пред десетина дена е извршен претресот во домот на Ѓоко Ристов и во неговата викендица, и не е најдено ама баш ништо. Износот со кој обвинителството калкулира и се обидува да докаже постоење на кривично дело Противправно стекнување и прикривање имот со износ од 350.000 евра се најдени во домот на родителите на осомничениот во Неготино, 100 километри од местото на живеење на осомничениот. Дури и обвинителството во сите изјави, а и официјални документи поднесени до судот, не дава ниту еден доказ дека парите се на Ѓоко Ристов освен голото и непоткрепено усно тврдење на ОЈО ГОКК – додава  Давидовиќ за слободен печат

Повеќе ТУКА

Back to top button
Close