Здравев: Судскиот совет разреши 8 судии, а во тек се уште 83 постапки

Првиот човек на Судскиот совет Киро Здравев на ТВ 24 изјави дека во текот на 2019 и 2020 година разрешиле 8 судии, а во тек се постапки за уште 83 судии.

-Вангеловски е разрешен поради тоа што советот којшто одлучувал по барање на заштита на законитоста, оттогаш јавниот обвинител не го почитувал правното мислење кое општата седница го има заземено. На таа дебата која се отвори имаше многу мислења – рече Здравев.

Тој посочи дека според Уставот Судскиот совет на Собранието му предлага двајца кандидати за избор на судии во Уставниот суд.

-Врз основа на наша претходна анализа, во комбинација беа повеќе судии и анализата ни ни покажа дека токму Кацарска е таа судијка, којашто благодарение на долгогодишното судиско искуство, ценејќи го нејзиното навремено постапување по кривичните предмети, едногласно судскиот совет утврди како предлог таа да биде наш предлог до Собранието – истакна Здравев.

 

Back to top button
Close