Здравството во маѓепсан круг: Од Ковидот не се умира, со Ковид се умира, а, тек, ќе видиме како, масовно, се умира – поради Ковидот-19

Здравството, не само кај нас, влегува во иден магепсан круг, од кој, многумина, нема да излезат, а тие што, сепак, ќе се провлечат, ќе имаат што да раскажуваат.

Нашата земја (со долгото, или, краткото име – кој како милува!), е посебна приказна. На почетокот, живееме со стравот дека ќе се заболат до 2.000 лица. Проценката беше на здравствените власти. Овој страв веќе постана утеха”,некакаква несакана-посакувана бројка!

Ние сме веќе на бројката од илјада починати, а само прашање на време е кога, посакуваната бројка на заболени, ќе постане трагична бројка на заминати од овој свет!

Од Ководот не се умира, со Ковид се умира, а, тек, ќе видиме како, масовно, се умира – поради Ководот-19

Населението е во страв и паника. Минатиот пат, на овој простор, пишував: Стравот лозје чува, паниката предвреме го собира! Човек да не знае каде да се сврти и кому да верува!?

Ако ја слушате претседателката на асоцијацијата на матичните лекари, ние живееме во утописка, ветена земја. Сега имаме најмалку право да го потценуваме трудот на лекарите, мегутоа, дотичната госпога треба да знае дека, во тој секундарен простор, постои отуѓеност како никој пат досега.Појдете во било која матична ординација. Во чекалниците, ќе најдете малкумина. Зошто? Кој е тој феномен?

Матичните амбуланти, или добар дел од нив, работат на шалтер, и советуваат и него да го избегнувате. Доволно е, велат, да се обратите на телефонот и да ги потсетите да ви ја препишат месечната терапија.

Феноменот коморбидитет, односно хронично болни: чекална пред конечното заминување во еден правец!

Кога феноменалниот, или феноменот Ел Нино, правникот кој министеруваше со образованието, а потоа и со здравството (!), мегу останатите реформи, беше ја направил и онаа со апликацијата – на мобилниот телефон, операторот да ве потсети кога е вашиот термин!”.

Пензионерите од Охрид, вака, го прокоментираа патентот на Нино: на крајезерска клупа, седат тројца. Поминува четвртиот, им посакува јуначно здравје и нормално: како сте, што праJТЕ? Еве, си седиме, го чекаме нашиот термин! Наредниот ден, поминува четвртиов, на клупата двајца. Што така, каде ви е третиот, од вчера. Нему му дојде терминот,си замина кутриот!?

И колку досетката за Ел Нино, да ви звучи морбидно, реалноста не е многу далеку. Нажалост. Министерот Филипче, вели дена 85 проценти од починатите, се со претходна, хронична болест. Во актуелнава ситуација, (кумановци би ја дефинирале како дошја нож до коску!), хроничните болни се во некоја некаква чекална, пред дефинитивното заминување – во еден правец!

Еве, како тоа, изгледа, ако сакате и на сопствениот пример. Поради одстранетата тироидна жлезда (за оваа болест познавачите велат дека во Македонија (со едно име!) е ендемска, значи мнигу честа), мора да се прима соодветна терапија. Таа терапија, се калибрира (одмерува) после темелен кај специјалист, на секои 3 месеци, најмногу на 6. Мојата извонредна докторка, професорката Васкова, не сум ја видел скоро две години!?

Проблемите со тироидната жлезда, не се шала, односно шега, што би рекол Филипче. Во Хрватска ја викаат – штитница. Но, ај да беше само таа. После прележан акутен инфаркт и вграден стент, следи редовна терапија.И таа треба да се калибрира?Како? Матичната не може да ти закаже термин, во Кардиолошкиот центар, примаат само екстра-итни случаи!?

Феноменот Амди Бајрам

Секоја смрт, е смрт и загуба. Сочувство до семејството на колегата-пратеник Амди Бајрам. Да не ја заборавиме и старата мудрост: за мртвите се најдобро.

Но, едно е личноста Амди Бајрам, а сосема нешто друго феноменот, или, ако сакате, метафорта – Амди Бајрам.Тука имате се и сешто. Од анти-херојство, до предполитичка реалност. Од загарантирани човечки права, до организирана суицидност. За жал, дел од сето тоа влезе и во медиумите, мислам на оние релевентните, да не говориме за пижами и манки-порталите.

Македонското оголено и пребукирано здравство, сега, ќе се троши и исцрпува и на анкетите за свадбарите на Амди Бајрам! А, анкети и кластери, веќе и не се прават. Кубурот, го чувавме и го дочувавме за зорзоманот, тој дојде и сега, од него, се пука по системот на руски рулет: секој втор ќе биде погоден, ќе му дојде терминот!

Ами,како тоа? Од каде полетаа свадбарските авиони на Амди Бајрам? Од Шутка, или од скопскиот аеродром? Каде слетаа? Нели има протоколи? Нели од денеска, или, од вечерва, ќе можам да ги примам, дома, само синот и внуците, а нередниот вторник – ќерката и внуците!?

Како тоа Амди Бајрам, може да собере на брод, во една сала, 600 гости? Ама, бродот бил на Босфорот?Нема разлика, од Босфорот тој се врати, како Титаник, во матен Вардар!

Правото на АМДИ Бајрам, да прави свадба на Босфор, завршува онаму, каде што се нарушува, се доведува во опасност, односно почнува моето право на здравје и живот.

Феномонот Караџоски, или:”што би рекол јас

Здравствените работници, насекаде, па и кај нас, се на измакот на силите.Некаде прочитав дека во Хрватска направиле мегу 2 и 3 милиони прекувремени работни часови!Веројатно и кај нас е така.Тоа се нашите херои, тоа се хероите на нашето време.

Но, здравството е многу сложена материја.Тука грешки не се дозволени.Грешките тука значат одземен живот. Нашите очи се свртени кон ковид-центрите и инфективните клиники.А никој не прашува, малкумина знаат, како нереализираните мајки, излегуваат од Гинекологија, без да си ги видат новородените и првородените!?Филипче треба и тоа да го провери.

Здравството не се само таблетките, болничките легла и сега – скафандерите. Здравството е и и социологиа и психологија и философија и математика и логика. Здравството, пред се, е човечноста на персоналот.Без тоа нема ништо. Едно е отворен, толерантен, насмеан, претприемлив лекар, кој ќе те охрабри и ќе ти влее верба (народот вели: со збор ќе те оздрави!”), а сосема друго – самобендисан, нарцисоиден, намуртен, полно со себе си ,човек-поединец.

Едноставно, има луге, сеедно во која област и да се, кои можат да бидат врвни во професијата, но, ете, не ги сака камерата, односно комуникацијата со јавноста. Деновиве проследив интересна,поучна изјава, своевидна метафора, искажана од музичката партнерка на нашиот Влатко (Стефаноски), српската пеачка Биља. Ја преорав,вели, архивата на Радио Београд.Најдов прекрасни изведби од целиот Балкан, ама некои од нив, мене не ме сакаат!

Споредете ги ликовите, настапите, говорот на телото, на стаменитиот прв човек на хрватскиот ковид стожер, или на мудриот, храбар и одмерне д-р Кон, во Србија, со нашиот фронтмен во Комисијата за заразни болести и се ќе ви биде јасно.

Кога ќе слушнете, како, некој, самиот себе си, ќе се самоцитира (“што би рекол ЈАС!”), тогаш ништо повеќе не ви треба за да видите колку е часот!”.

Веле Митаноски

Back to top button
Close