Здруженија на Македонците од Егејскиот дел: СДСМ даде поддршка на нашите иницијативи

 Здруженијата на Mакедонците од Егејскиот дел на Македонија, обединети во здружението „Тга за југ“ денеска преку соопштение изразија благодарност до лидерот на СДСМ што дал поддршка за реализација на нивните иницијативи.

Тие бараат да се врати Домот на културата на Македонците од Егејска Mакедонија, поточно да се додели друга локација согласно законските постапки и Споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ да влезе под трајна грижа и заштита на Град Скопје.

– После поднесената иницијатива, нашите здруженија добија потврда од претседателот на СДСМ Зоран Заев дека и двете иницијативи ќе бидат реализирани во целост во координација со надлежните институции. По тој повод, до претстедателот на СДСМ Зоран Заев изразуваме благодарност за поддршката при остварувањето на приоритетите на здруженијата на Македонција од Егејскиот дел на Македонија, се вели во соопштението.

Back to top button
Close