Здружение на родители бара остварување на правото на заедничко родителство по развод

На децата им требаат двајцата родители. Бараме итно носење на нов Закон за семејство, кој гарантира 50/50 родителство.

Вакви пораки испратија од здружението „Наши“, кое одржа мирен протест со автомобили пред Владата, поради како што велат, застарениот закон, кој никако не оди во прилог на сите засегнати страни.

Поделбата на старател и отсутен старател, според нив, е лоша и бараат промена на таквата квалификација.

Од здружението додадоа дека заедно со неколку професори започнале подготовка на нов Закон за семејство, кој допрва треба да биде доставен до Собранието. Тој закон според здружението, нема да има случаи како тој на Ивана Коцева, која шест месеци била лишена од своите деца.

Преттседателот на здружението смета дека треба да се спречи трендот, на како што рече, губење на правата на детето без причина. Тој бара – таква одлука да носи судот, а не Центарот за социјални грижи.

Од здруженито „Наши“ сметаат дека Законот за семејство е многу поназад од законот во регионот и веруваат дека ќе ја извојуваат оваа битка, со цел што повеќе среќни деца, кои нема да бидат лишени од своите родители.

Извор: Канал 5

 

Back to top button
Close