Здружението на лекарите по семејна медицина не го поддржува штрајкот нa матичните лекари
02.09.2022 13:26
176 Читање помалку од 1м

„Управниот одбор на Здружението на лекари по семејна медицина (ЗЛОМ-СМ) донесе одлука за неподржување и неучествување на најавениот штрајк на матични лекари од 5 до 7 септември поради несогласување со дел од барањата кои беа наведени како причини за штрајкот и истите беа донесени без консензус од трите здруженија на матични лекари – се вели во денешното соопштение од Здружението.
Според ЗЛОМ-СМ современо примарно здравство и комплетно нов модел на примарно здравство е потребен во земјава во кој ќе се успее да се стимулираат младите доктори да работат како матични лекари. Моменталниот модел на вегетирање и одржување во живот со продолжување на работниот век на лекарите е комплетно неодржливо решение, нагласуваат од ЗЛОМ-СМ.