Здружението на новинари на ТВ каналот „Арте“ ги повикаа вработените на штрајк

Новинарите на француско-германскиот телевизиски канал „Арте“ денеска почнаа штрајк на повик на синдикатите и Здружението на новинари на каналот. Тие се жалат за воспоставување на систем што ќе ја ограничи работата на хонорарните новинари на најмногу 60 дена годишно, што, според нив, е произволна граница што доведува до „несигурност“ на хонорарните новинари и хонорарните техничаријави дописникот на МИА.

Новинарите жалат за јазот меѓу политиката на „Арте“, која на својата програма се претставува како „бел витез за одбрана на социјалните права“, додека на внатрешен план, тие го осудуваат претпријатието кое „ги третира своите хонорарци и договорни работници како променлива за прилагодување“.

„Арте“, како и сите јавни радиодифузии, страда од кратења на буџетот. Во 2021 година, буџетот на каналот е намален за 1,9 милиона евра и опадна на 278 милиони.

Back to top button
Close