Зеќири доби нови 30 дена притвор

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, и понатаму останува во притвор, бидејќи денеска Кривичниот суд му одреди нови 30 дена кои треба да ги помине во истражниот затвор „Скопје“, пренесе Фокус повикувајчи се на потврда од судот, како и адвокатот Александар Трајковски, кој истакна дека веднаш поднел и жалба.

Тој прв пат зад решетки влезе на 8 април, а ова му е второ продолжување за нови 30 дена.

Неодамна Зеќири до Апелација поднесе и гаранција дека нема да бега, но од судот му ја потврдија изречената мерка, со појаснување дека гаранцијата која ја понудил воопшто не била разгледувана, бидејќи покрај опасноста за бегство, притворот му е одреден и поради опасност да ја попречи истрагата.

Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.

Back to top button
Close