Зеќири останува во притвор, одлучи Апелација

Поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зеќири останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи денеска Апелација го потврди првостепеното решение за притвор, пренесе „Фокус“ повикувајќи се на извори од Апелација.

Од судот појаснуваат дека гаранцијата која ја понудил Зеќири воопшто не била разгледувана, бидејќи покрај опасноста за бегство, притворот му е одреден и поради опасност да ја попречи истрагата.

 

Back to top button
Close