Зеќири поднесе жалба за притворот  

Александар Трајковски, адвокатот на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, вели дека денеска до Кривичниот суд ја поднел жалбата за притворот, кој му беше одреден синоќа.

-Жалбата е поднесена до Кривичниот суд – изјавил адвокатот Трајковски за Фокус.

Судија на претходна постапка доцна синоќа му одреди 30 дневен притвор на Зеќири, по отворена истрага за склучен договор за консултантски услуги, со кој наводно заедно со уште двајца хрватски државјани, незаконски присвоиле 145.000 евра.

Притворот му беше одреден по сите три основи и тоа поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на кривичното дело.

Back to top button
Close