Зечевиќ: Обединувањето е капитално за идните генерации!

Потребно е обединување околу европскиот концепт за иднината кој го предводи СДСМ, тоа е капитално дело за идните генерации и остварување на долгогодишен стремеж на македонскиот народ и сите наши граѓани, порача вечерва генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на средба со партиските членови и симпатизери во Гази Баба.

По турбулентните политички периоди, во време на светска економска и енергетска криза, СДСМ преку своите одговорни политики успеа политички и економски да ја стабилизира државата. Започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. Тој пат треба да го продолжиме сите заедно, рече Зечевиќ.

Зечевиќ додаде дека обединување околу овој концепт во овој момент е многу значајно.  Имаме историска шанса да ги оствариме заложбите на генерации македонски политичари и граѓани, за полноправно членство во ЕУ како Македонци со признаен македонски јазик и идентитет. Тоа е капитално дело за идните генерации и остварување на долгогодишен стремеж на македонскиот народ и сите наши граѓани, посочи Зечевиќ.

Генералниот секретар Зечевиќ истакна дека СДСМ водејќи се од социјалдемократските вредности како солидарноста и меѓусебното помагање, обезбеди навремена помош за граѓаните за справување со последиците од кризата.

Back to top button
Close