Зекири: За Бајрам отидовме до кај брат ми за после три месеци да ја види малата

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, за ,,Слободен печат” тврди дека не бил на ниту една ифтарска вечера.

-Не сум бил на ниедна ифтарска вечера. Јас сум тој што повикуваше да се казнуваат тие што одат на такви собири. Ние само за Бајрам отидовме до кај брат ми за да ја види малата првпат после три месеци! Не сум мрднал од дома освен за неодложни обврски. Брат ми со семејството ќе се тестираат допрва – ни рече Зекири.

повеќе

Back to top button
Close