Зелен Хуман Град го обвини Град Скопје за „легален грабеж“


Под наслов „Легален грабеж“ Зелен Хуман Град реагира на одлуката на Град Скопје да ги обврзи компаниите да постигнат договор со „Комунална хигиена“ за собирање на отпадот.

„Град Скопје наметнува монопол, арач за бизнисите и уште повеќе отпад на Дрисла

На седницата денес владејачкото мнозинство се спрема да ги задолжи СИТЕ ДО ЕДЕН правни субјекти во Скопје да потпишат договор со Комунална хигиена како единствен овластен субјект за собирање и транспортирање на комуналниот комерцијален отпад што претставува фактички монопол.Со други зборови: сакаат да наметнат арач за услуга што приватниот сектор нема да ја добива. Зошто ова е скандалозно?

Комунална хигиена веќе работи со огромни проблеми:
– од околу 164 милиони тони отпад во 2025 , селектирани се само 78.080 кг, односно 0,00005% што е статистичка НУЛА;
– покрива само околу 35–40% од правните субјекти во Скопје;
– има ограничен возен парк од 156 возила со просечна старост од 10 години;
– за 2025 г. КХС имала загуба од над 250 милиони денари (над 18% од приход);
– од доспеаните побарувања во 2025 година наплатени се само 7,85% што е економски индикатор за системска неефикасност во наплатата;

Тоа значи едно: немаат капацитет ни сега, а не па за ова што сакаат да го наметнат! На Комисија за комунални работи, на прашањето што ќе прават со преземениот селектиран отпад, одговорот беше: „Сè оди во ист камион“. Значи бизнисите залудно ќе селектираат, а отпадот пак ќе завршува на Дрисла! Со ова:
– се создава монопол на пазарот;
– се блокираат постоечките субјекти што веќе собираат и спречуваат селектиран отпад да оди на Дрисла;
– се уништуваат зелени работни места;
– се отвора простор за казни, селективна примена и корупција;

Наместо оваа власт да се насочи посветено да го тргне органскиот отпад кој е најголема фракција и да го преработува во компостарите што благодарение на ЗХГ Градот Скопје ги набави, наместо да гради функционален систем за управување со отпад, тие туркаат модел за партиски вработувања, контрола и селективна наплата. Ова е ЛЕГАЛЕН ГРАБЕЖ. Плаќаме со живот и здравје за партиски вработувања на лојални гласачи!, порачаа од Зелен Хуман Град.

Back to top button
Close