Зелен Хуман Град: Скопје е пред крстопат, мораме да внесеме што повеќе слободоумни граѓани во Советот  

Носењето на новиот ГУП за Град Скопје, велат од независната кандидатска листа, не смее да им се остави на корумпирани политичари и на луѓе кои не го штитат јавниот интерес

На претстојните локални избори, во Советот на Град Скопје мораме да внесеме што повеќе слободумни граѓани, порачаа од иницијативата Зелен хуман град (ЗХГ) која на претстојните локални избори настапува со независна советничка листа.

На заедничка прес-конференција со независната кандидатка за градоначалничка, Ана Петровска, носителката на листата, Драгана Велковска, рече дека Скопје е пред крстопат бидејќи во претстојниот мандат ќе се нови новиот Генерално урбанистички план (ГУП).

„Скопје е пред крстопат, со носењето на Генералниот урбанистички план (ГУП) во претстојниот мандат ние ќе знаеме дали ќе имаме или ќе немаме град и тоа не смее да се носи во раце на корумпирани политичари, во раце на луѓе кои досега докажаа дека немаат интерес да го штитат јавниот интерес. Затоа мораме во Советот да внесеме што повеќе луѓе кои со својот минат, долгогодишен активизам, во најголем дел волонтерски, докажале дека тие се всушност единствените кои се грижат за доброто на овој град и на скопјани. Не може таквите луѓе да останат надвор од институциите. Ние досега бевме институции во сенка, им ја вршевме работата на оние кои ги бираа клиентелистички, на оние кои добиваа места во советите и во институциите преку гласови кои беа уценувани и тоа мора да прекине“, изјави Велковска.

Таа побара поддршка од скопјани за, како што рече, да се излезе од 30-годишното малтретирање и независни луѓе кои не се диригирани од центрите да моќ да можат да работат за заедничко добро.

Back to top button
Close