ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД: Зошто уште не се фатени сите потпалувачи и нарачатели на пожарите?

После еден од нај канцерогените месеци во Скопје каде скоро секој ден имавме нов пожар, тренд што дури и уште продолжува, ние немаме никакво известување од МВР дека сите сторители и нарачатели се приведени. На сите ни е јасно дека вакво потпалување не е спонатно и несреќен случај. Зарем се исцрпени државните капацитети за лоцирање на луѓе што директно убиваат скопјани со загаден воздух?“ прашуваат активистите на Граѓанска иницијатива „ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД“.

Велат „Како вистински терористички напад, зошто не се пуштени сите капацитети на државата за лоцирање на сите одговорни за нападот врз нас скопјани? Се апси спорадично и не се апсат нарачатели, туку (дел од) извршители“.

„Може во моментов не осетивме премногу импакт врз нашето здравје, но за неколку години кога ќе рипнат бројките на белодробни заболувања, карциноми, инфертилност и сите други сериозни здравствени нарушувања поради загадувањето, тогаш ќе се свестиме?

Некој денес да дојде и да ти удри тупаница, веднаш ќе очекуваш полицијата да го уапси. Епа така овие не-луѓе ни удираат тупаници на нам и на сите наши најмили (читај деца, внуци, родители), чии „модрици“ ќе ги чувствуваме до крајот на животот.

ЗОШТО НЕ СЕ СИТЕ СТОРИТЕЛИ И НАРАЧАТЕЛИ УШТЕ ОДМА ЗАД РЕШЕТКИ ЗА ОВА МАСОВНО УБИСТВО ВО НАЈАВА? И зошто од МВР сѐ уште не се преземени построги мерки за превенција на идни пожари? Овие не беа инцидентни пожарчиња, ова беше смислен терористички напад врз скопјани и мора да биде третиран како таков!“ стои во соопштението на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД.

Back to top button
Close