Зеленски ја именуваше Олга Стефанишина за амбасадорка на Украина во САД
Поранешната министерка за правда на Украина, Олга Стефанишина, официјално стана амбасадорка на земјата во Соединетите Американски Држави, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Само што разговарав со Олга Стефанишина, која сега е новата амбасадорка на Украина во САД. Формалните процедури се завршени – денеска го потпишав указот за именување на амбасадорката, изјави Зеленски во своето вечерно видео-обраќање.
Тој наведе дека ги идентификувал клучните задачи за реорганизација на работата на украинската амбасада во САД и спроведување на сите договори со американскиот претседател Доналд Трамп, првенствено во секторот за одбрана.