Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

 

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска обвини дека Кина ѝ префрла машини за производство на оружје на Русија, повикувајќи го Пекинг да запре со оваа поддршка и да го искористи своето влијание за да ја поттикне Москва на мир.

Зеленски, говорејќи на средба во Киев со холандскиот министер за надворешни работи, Дејвид ван Вил, потсети дека претходно добил уверувања од кинескиот претседател Си Џинпинг дека Кина нема да испорачува оружје за Русија.

– Моите пораки се многу едноставни. Имавме телефонски разговори со Си Џинпинг. Тој ме уверуваше дека оружје нема да им биде продадено на Русите. Сепак, гледаме дека Кина ѝ дала машини за производство на оружје на Руската Федерација. Гледаме дека Кина помага во заобиколување на санкциите. Гледаме дека има кинески платеници кои се бореа против украинската армија, истакна Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека Пекинг треба да изврши притисок врз Москва да ја запре агресијата, наместо да ги поддржува напорите што ја продолжуваат војната.

Овие изјави доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека планира да разговара за руската војна против Украина со Си Џинпинг за време на нивната претстојна средба во Јужна Кореја на 30 октомври. Трамп порача дека Си може да има значајно влијание врз рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека ќе го повика кинескиот лидер да престане да купува руска нафта.

Кина негираше дека ѝ дава таква помош на Русија, но се соочува со сè поголем притисок од Запад поради нејзината улога во испораката на технологии со двојна намена среде актуелните санкции.

 

Back to top button
Close