Зеленски ја повика ЕУ да остане обединета против Русија

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска ја повика Европската Унија да остане обединета против Русија, за време на разговорите со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и по контроверзните изјави на германските претставници.

Зеленски им се заблагодари на Мишел и на националните лидери на ЕУ за нивната солидарност и поддршката за време на конфликтот и тензиите со Русија.

Тој нагласи дека „за Украина е важно да се зачува единството на сите земји-членки на ЕУ во заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет“ на неговата земја, поради потенцијалната руска инвазија“, се наведува во соопштението на украинското претседателство.

– Украина нема да попушти пред провокациите. Напротив, ќе ја задржи својата присебност, заедно со своите партнери- додаде Зеленски.

„Благодарен сум ви господине претседателе и на лидерите на земјите од ЕУ, чии дипломати остануваат во нашата земја и не поддржуваат во нивната работа“, му рекол Зеленски на Мишел во телефонскиот разговор.

Тој, исто така, кажа дека Украина нема намера да одговори на руските провокации.

Москва денеска уште еднаш го обвини Киев дека подготвува офанзива против проруските сепаратисти на истокот на земјата.

Back to top button
Close