Зеленски ја повика меѓународната заедница да одговори на руските воздушни напади

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ја повика меѓународната заедница да одговори на најновите руски воздушни напади врз Украина.

„Важно е светот да реагира на овој најнов чин на терор. „Многу лидери денеска веќе ја изразија својата поддршка за Украина и Украинците и јас сум им благодарен на сите“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Украина денеска повика на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, пренесува Укринформ.

Back to top button
Close