Зеленски: Доколку се постигне примирје на техничко ниво, средбата со Путин е непотребна
– Украинскиот претседател , Володимир Зеленски, попладнево изјави дека доколку денеска се постигне примирје на техничко ниво, средбата со рускиот претседател Владимир Путин е непотребна.
Тој, исто така, рече дека доколку Русија не покаже подготвеност за разговори, мора да се изврши поголем притисок врз Москва, јавија британските медиуми.
Зеленски истакна дека украинската делегација на мировните преговори во Истанбул ќе ја предводи министерот за одбрана, Рустем Умеров, додека тој самиот нема да присуствува на состанокот бидејќи рускиот претседател Владимир Путин, исто така, нема да биде присутен, туку ќе испрати делегација од „пониско ниво“.
Зеленски, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, изјави дека Киев е подготвен за безусловно 30-дневно примирје со Москва