Зеленски: Дома се 205 Украинци – меѓу ослободените има војници, наредници и офицери
Денес, војници на вооружените сили на Украина, Националната гарда и Државната гранична служба се враќаат од руско заробеништво. Ова е првата фаза од размената 1.000 за 1.000, објави на социјалните мрежи украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Меѓу ослободените има војници, наредници и офицери. Повеќето од нив се во руско заробеништво од 2022 година. Тие ја бранеа Украина во Мариупол и Азовстаљ, во насоките Донецк, Луганск, Харков, Херсон, Запорожје, Суми, Киев и нуклеарната централа Чернобил.
Благодарност до сите што работат на враќање на нашите луѓе дома, пред сè на нашите војници кои го надополнуваат фондот за размена за Украина и на нашиот тим. Благодарност до сите партнери што помагаат во ослободувањето на Украинците од заробеништво. Да продолжиме да се бориме за секој што е сè уште во заробеништво“, додаде Зеленски






