Зеленски ги повика да се вратат украинските политичари и бизнисмени кои побегнаа од државата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски  ги повика државните претставници, политичарите и бизнисмените кои неодамна ја напуштија државата да се вратат во Украина во рок од 24 часа и да покажат единство со нацијата поради стравувањата од руска инвазија.

„Ваша директна должност е во таква ситуација да бидете со нас, со украинскиот народ. Ви предлагам да се вратите во својата татковина во рок од 24 часа и да застанете рамо до рамо со украинската армија, нашата дипломатија и нашиот народ“, рече Зеленски во видео обраќање.

Украинските медиуми објавија дека некои пратеници и водечки бизнисмени ја напуштиле земјата минатиот викенд, откако САД, Велика Британија и други западни земји ги советувале своите граѓани итно да ја напуштат Украина.

„Вратете се кај вашиот народ и вашата земја, која беше извор на вашите фабрики и богатство“, нагласи Зеленски.

Back to top button
Close