Зеленски го смени началникот на Генералштабот на украинските вооружени сили
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го смени началникот на Генерлштабот на украинските вооружение сили, Руслан Хомчак, сооошти неговиот портпарол.
Претседателот, наводно, се повикал на поврзувањето меѓу вооружените сили и Министерството за одбрана.
Хомчак ќе биде префрлен на позиција во Советот за национална безбедност и одбрана, а на негово место е поставен Валериј Залужни, кој досега беше на чело на Северната команда на армијата.