Зеленски: Мировниот план на САД може да вклучува елементи од клучно значење за украинските национални интереси

Предлогот на САД за запирање на војната во Украина може да вклучува делови што се засноваат на украинските перспективи и се од клучно значење за украинските национални интереси, изјави денеска претседателот на земјата, Володимир Зеленски.
„Веќе имаме кратка информација од членовите на делегацијата за резултатите од првиот состанок и првите преговори“, напиша Зеленски на „Х“ за разговорите со ЕУ и САД во Женева.
-Работата продолжува за постигнување на главната цел што ја очекува нашиот народ: да се стави крај на крвопролевањето и војната, додаде тој.
Во исто време, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинските власти не изразиле никаква благодарност за напорите на САД по ова прашање, а Европа продолжува да купува нафта од Русија.
Зеленски истакна дека украинската делегација на мировните преговори во Истанбул ќе ја предводи министерот за одбрана, Рустем Умеров, додека тој самиот нема да присуствува на состанокот бидејќ
Само неколку минути откако Доналд Трамп го критикуваше украинското раководство, висок украински функционер рече дека тие „ги ценат американските партнери“. Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, е еден од претставниците на Украина во Женева за денешните разговори.
-Нашите тековни предлози, иако сè уште не се финализирани, вклучуваат многу од приоритетите на Украина. Цениме што нашите американски партнери тесно соработуваат со нас за да ги разберат нашите загрижености и да го достигнат овој критичен момент, и очекуваме да постигнеме поголем напредок денеска, напиша Умеров на социјалните медиуми.






