Зеленски нема да биде дел од делегацијата во преговорите со Русија, тврди украинската амбасадорка во САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски „дефинитивно нема да биде дел од делегацијата во преговорите со Русија“. Тоа го изјави амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова.

Таа за Си-Ен-Ен изјави дека украинскиот претседател останува да ја „брани земјата“, го повика рускиот претседател да ја прекине војната и рече дека Украина ќе испрати делегација на преговорите.Амбасадорката додаде дека Украина е секогаш подготвена за разговори, но дека не е подготвена да се предаде.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close