Зеленски остро одговори на обвинувањата на Путин за терористички напад: Болно и цинично суштество

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги отфрли обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина била вмешана во терористички напад во предградието на Москва. За време на своето редовно обраќање, Зеленски рече дека Путин, сите освен себе, ги смета за терористи.

„Денеска Путин повторно зборуваше сам со себе, а тоа беше емитувано на телевизија. Повторно ја обвинува Украина. Болно и цинично суштество. За него сите се терористи, освен тој самиот, иако веќе две децении го води теророт. Тој е најголемиот терор. Тој и неговите специјалци. А кога тој ќе замине, со него ќе исчезне и барањето за терор и насилство, бидејќи тоа е негово барање. Ничие друго“,изјави синоќа Зеленски.

Зеленски им се заблагодари на сите што работат на отстранување на последиците од најновите руски напади. Тој нагласи дека е исклучително важно да се внимава на оние на кои им е потребна поддршка. Според него, дури и ако некој се срами да побара помош, другите треба да обрнат внимание, да го поддржат и да не го оставаат сам.

Тој рече и дека во текот на денот добил извештаи од армијата и разузнавањето. Инаку, Зеленски вчера учествуваше на ифтар, специјална вечера одржана во текот на месецот Рамазан, пишува украинска „Правда

Back to top button
Close