Зеленски повика на дополнителни санкции против Москва по ноќешниот руски напад врз Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека само дополнителни меѓународни санкции би можеле да ја принудат Русија да прифати прекин на огнот, по руските напади со беспилотни летала и ракети врз Киев изминатата ноќ, во кои се повредени 15 лица.

– Само дополнителни санкции насочени кон клучните руски економски сектори ќе ја принудат Москва да прифати прекин на огнот, напиша Зеленски на социјалната мрежа X.

Тој ја обвини Москва дека е причина за продолжувањето на војната.

Ноќешниот напад е еден од најголемите комбинирани руски воздушни удари врз Киев од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, а следува откако во изминатите неколку дена Украинците извршија околу 800 напади со дронови врз Русија, вклучувајќи го и главниот град Москва.

Вчера, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва соодветно ќе одговори.

Back to top button
Close