Зеленски пристигна во Лондон: Поддршката од САД е клучна за Украина

Авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски слета на аеродромот Станстед во Лондон, каде што тој ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер пред утрешниот самит на европските лидери.

При пристигнувањето, Зеленски изјави дека американската поддршка е од клучно значење за Украина.

Украинскиот претседател утре ќе биде дел од голем самит во Лондон, а Стармер во Лондон ги покани и лидерите на Германија, Данска, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија, Турција, Финска, Шведска, Чешка и Романија, јави Танјуг.

На состанокот се очекува да присуствуваат и генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Коста.

Зеленски е во Британија еден ден по конфликтот со американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот во Овалната соба, по што дел од европските лидери застанаа зад Украина.

Стармер синоќа телефонски разговараше и со Трамп и со Зеленски и изрази непоколеблива поддршка за Украина.

Back to top button
Close