Зеленски: Русија само неделава изврши над 1.400 воздушни напади
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати уште еден апел до Западот за итна дополнителна поддршка откако неделава Русија повторно изврши над 1.400 воздушни напади врз неговата земја, пренесе денеска ДПА.
-Русија секој ден ја напаѓа Украина со беспилотни летала, проектили и бомби, рече тој денеска во изјавата на својот канал на комуникациската платформа Телеграм.
Русија во текот на минатата недела ја нападна Украина со околу 50 проектили, речиси 660 дронови и повеќе од 760 крстосувачки бомби, рече тој.
-Русија нема да застане сама по себе. Светот мора да го принуди да ја запре оваа брутална и неиспровоцирана агресија, рече Зеленски.
„Зајакнувањето на нашата одбрана е апсолутно неопходно. Ни треба подобра заштита: системи за противвоздушна одбрана, оружје со долг дострел и притисок од санкции“, додаде тој.