Зеленски со уште една видео-порака: Гранатирањето трае без прекин

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, објави нова видео-порака во која вели дека одбранбените линии на Украина се задржуваат, но додека дека од ноќеска на полноќ без прекин руските сили ги гранатираат украинските градови.

-Немаме што да загубиме освен сопстевната слобода, вели Зеленски додавајќи дека Украина секојдневно добива помош во оружје од нејзините сојузници.

Изјавата на Зеленски доаѓа во мигови кога се покренува истрага за можни сторени воени злосторства на руската страна поради бомбардирање цивилни цели и невооружено население.

Back to top button
Close