Зеленски: Украина поднесе тужба против Русија во Хаг

Украина поднесе тужба против Русија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, објави денеска на Твитер претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Русија мора да биде одговорна за манипулирање со приказната за геноцид со цел да се оправда агресијата. Бараме итна одлука на судот, кој и наложува на Русија веднаш да ги прекине воените дејствија и очекуваме судењето да започне следната недела“, наведе Зеленски.

Back to top button
Close