Зеленски: Украина веќе ќе ја завршеше војната ако имаше подобро оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „веќе би ја завршила војната кога би имала пристап до подобро оружје“, какво што користи Русија, пренесува Би-би-си.

„Во сите интервјуа и преговори со лидерите на демократскиот свет, неправедно е тоа што Украина и натаму е принудена да го бара она што нејзините партнери со години го складираат -рече Зеленски.

Тој додава и дека морална должност на овие земји е да помогнат во заштита на слободата, да спасат животи на илјадници Украинци, доколку имаат оружје и муниција кои ним им се потребни.

Во своето дневно обраќање, Зеленски рече дека Украина, доколку го добие ветеното оружје, во следните неколку недели ќе спаси илјадници животи.

Зеленски објаснил и дека е засилен интензитетот на рускиот оган во Харков и во Донбас, дури и на цивилното население.

„Исто така и судбината на десетина илјади жители на Мариупол кои се преселени на територија под руска контрола е не позната“, изјавил Зеленски.

 

 

Back to top button
Close