Зеленски во Овалната соба го избегна одговорот за размена на територии
На краткиот брифинг пред средбата со претседателот на САД, Доналд Трамп, претседателот на Украина, Володимир Зеленски пред малку го одбегна директниот одговор на новинарско прашање какви се можностите за прекројување на мапите и размена на територии со Русија. Наместо одговор, тој ја нагласи потребата да се стави крај на војната и постојаните руски напади, вклучително и жестокиот руски напад со дронови на Харкив неколку часа пред средбата во Вашингтон.
Зеленски се заблагодари на напорите на Трамп за прекин на конфликтот и нагласи дека главната цел е „нова безбедносна архитектура“ за Украина и Европа.
По средбата на Зеленски и Трамп, тие ќе имаат средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, премиерот на ОК, Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџија Мелони, финскиот претседател Александер Стуб и Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.