Зеленски во петок ќе оди кај Трамп
Украина и САД постигнале договор за ретките минерали. Вашингтон и Киев се договориле заеднички да управуваат со дел од украинското рудно богатство, а приходите ќе одат во фонд со кој двете земји исто така заеднички ќе управуваат.
Трамп го очекува Зеленски в петок во Вашингтон да стават поптпис на документот. Шефот на Белата куќа договорот го гледа како надомест за досегашната американската помош за Киев во војната со Русија, но и начин да се намали завистосноста од Пекинг за ретките минерели, бидејќи Кина, контролира 75 проценти од наоѓалиштата на ретки минирали во светот.
-Може да биде зделка од трилиони долари. Значи сакаме да бидеме обезбедени. И мислам дека американскиот народ – дури и ако ги погледнете анкетите – тие се многу среќни, бидејќи, знаете, Бајден фрлаше пари наоколу како да се бонбони. Сакаме да ги вратиме тие пари. Ние и помагаме на земјата низ многу, многу голем проблем кој не требаше да се случи. Затоа мораме да го исправиме. Американскиот даночен обврзник сега ќе си ги врати парите“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.
Зеленски вели дека договорот за миниреалите е само почеток и според него ќе донесе подобруавње на односите.