Земјава ќе добие 800.000 вакцини од Фајзер од кои 5.850 ќе пристигнат во февруари

Нашата земја, се додава во соопштението, навремено почна со подготовките за вакцинација против Ковид-19 и постојната функционална и одлично поставена здравствена инфраструктура каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.
Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени Целзиусови, а таквите фрижидери во нашата земја ќе пристигнат месецов.
Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.