Земјоделски површини во дел од Пелагонија под вода

Во јужниот дел на Пелагонија, во атарот на селата Жабени и Породин, земјоделските површини сè уште се под вода.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за МИА информираа дека станува збор за површини засејани со јачмен и пченица.

-Обилните дождови и условите на терен кои во јужниот дел на Пелагонија, посебно во атарот на селата Жабени, Породин и околината, каде Пелагонија е пониска, сеуште има вода од обилните дождови. Но, не се очекува предизвикување на евентуална штета врз посевите или евентуална агро интервенција. Треба да се почека за појасна слика која можеби ќе се добие деновиве бидејќи се очекуваат повисоки дневни температури на водухот, посочија од ПЕ на МЗШВ Битола.

Агро-експертите советуваат на земјоделските површини со посеви да се изврши прихранување со азотни ѓубрива или биостимулатори, но и други заштитни мерки посочени од агроекспертите за да не се појават штетници или други несакани последици врз есенските посеви.

Back to top button
Close