Земјотрес ја стресе Македонија
Рано утрово во 02:23 часот е регистриран слаб земјотрес во западниот дел од државата.

Според апликацијата за сеизмичка активност, потресот имал јачина од 2,0 степени по Рихтер и бил на длабочина од 15 километри.
Епицентарот се наоѓал во регионот меѓу Кичево и селата на планинскиот предел кон Маврово, на координати 41.394°N, 20.872°E, оддалечен околу 80 километри од прикажаната референтна локација.
Нема информации за материјална штета или други последици






