Земјотрес ги вознемири дебрани, епицентарот во Булќиза Албанија

Дебрани попладнево ги вознеми земјотрес, чиј епицентар е регистриран во околината на пограничното албанско градче Булќиза, околија Пешкопеја. Потресот беше во 16:10 часот, а според албанските медиуми бил со јачина од 4  степени според Рихтеровата скала.

Пред десеттина дена регистрирани беа серија од дваесеттина земјотреси со епицентар во истата област, која е на оддалеченост од триесеттина километри од Дебар. Најсилниот беше со јачина од 4,8 степени.

Дополнителен проблем на дебрани е што има и прекин во снабдувањето со електрична енергија од 15:30 часот без никаква претодна најава.

Back to top button
Close