Земјотрес од 4,7 степени во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
Силно изразен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкото тло утринава во 10:05 часот. Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот бил на релативно мала длабочина од 5 километри под површината на земјата, што придонело да се почувствува на пошироко регионално подрачје.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 11 километри североисточно од грчкиот град Парамита, односно 157 километри југозападно од Лариса.
Силното тресење предизвикало вознемиреност кај граѓаните низ цела Грција. Жителите на Јанина и Парга преку социјалните мрежи и специјализираните апликации сведочат дека потресот бил силен. „Јанина, се тресеше добро“, „Траеше околу 8 секунди“, „Се тресеше и во Парга“, се само дел од реакциите на грчките граѓани.
Засега нема пријави за предизвикана материјална штета или за евентуални повредени лица. Надлежните служби континуирано ја следат ситуацијата






