Земјотрес од 5,2 степени го погоди грчкиот остров Евија – Бил проследен со силен звук

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени беше регистриран 27 минути по полноќ во јужниот дел на грчкиот остров Евија, а беше почувствуван во целиот дел на областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците на Геодинамичкиот институт во Атина, епицентарот бил на пет километри северозападно од местото Неа Стира на Евија на длабочина од 13,6 километри.

Земјотресот проследен со силен звук беше почувствуван во целата област Атика, поширокиот регион на Атина, а не е пријавена предизвикана материјална штета.

Професорот и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката државна телевизија ЕРТ дека земјотресот беше во област „која не дава големи земјотреси”.

Back to top button
Close